За Нас
Транспортната компанија Филип Интернационал Дооел е основана во 2006 година со седиште во Кочани, Македонија. Почнувајки со еден камион и двајца вработени, компанијата постојано се развива, држејки чекор со растечките потреби на барања на транспортната идустрија и прерасна во целосно екипирана и професионална компанија специјализирана за меѓународен транспорт. Денес Филип Интернационал е специјализирана компанија за меѓународен транспорт на стоки под температурен режим, транспорт на текстилни стоки и експресен транспрт на стока за 24 часа до сите
дестинации во Европа па и возниот парк е приспособен токму за овој вид на транспорт. Копманијата денес располага со возен парк од десет современи модели на транспортни возила со EURO 5 и EURO6 стандарди и петнаесет искусни вработени.
Со нашите транспортни возила (ладилници , фургони и церади) нудиме поединечен, збирен и експресен транспортна палетизирана и непалетизирана сотка (храна, текстил, висечка конфекција, АДР) од Македонија, Банлканските земји и Турција до сите дестинации во Европа и обратно и годишно остваруваме 1100 превози.
Транспорт
Филип Интернационал е специјализирана компанија за меѓународен транспорт на стоки под температурен режим и транспорт на текстилни стоки и експресен транспорт на стока за 24 часа до сите дестинации во Европа па и возниот парк е приспособен токму за овој вид на транспорт. Една деценија секојдневно вршиме извоз на стоки од македонија, балканските земји и Турција кон европските земји: Германија, Австрија, Швајцарија, Франција, Италија Белгија, Холандија, Велика Британија, Шпанија, Португалија , скандинавските земји и обратно.
Нашиот тим се состои од 15 стручни и искусни лица специјализирани за овој вод на транспорт. Нашето искуство и посветеност ви гарантира навремен, безбеден, сигурен и едноставен транспорт на вашата сотка до секоја дестинација. Јазици на кои комункицираме се Германски и Англиски. Овозможуваме 24 часовна комуникација со возилата, GPS позиционирање и следење на возилата комплетно ЦМР осигурување на сите возила. Воспоставуваме и одржуваме професионална комуникација со нашите соработници и клиенти.
Компанијата Филип Интернационал ги нуди следните транспортни услуги:
- Tранспорт на стоки под температурен режим
- Палетизиран и непалетизиран транспорт
- Транспорт на висечка конфекција
- АДР
- Транспорт на збирни стоки
- Експрес транспорт
Располагаме со транспортни возила со волумен од 3 до 100 m3 и трмпературен режим од -25 до +25 ℃.
Тим
За нашиот тим важат следните правила и норми:
- Ја работиме својата работа и не се мешаме во туѓата
- Ја сакаме нашата работа
- Работиме за компанијата, како за себе
- Целосно сме посветени на работата, со јасна визија, цел и верба во себе
- Работната култура и етика се наш имиџ
- Тимска работа и меѓусебна доверба
- Ризик е никогаш да не ризикуваш
- Стручен и образован тим кој создава чуда. Бидете дел од тимот
- Итересот на компанијата е над сите интереси
- Квалитетот нема алтернатива
- Ние ја водиме работата, а не таа нас
- Нашиот даден збор е заклетва
- Во успехот не се сомневаме, веруваме во она што го работиме
- Имаме искрена социјална одговорност спрема вработените
Контакт
Filip International Logistik Dooel
Македонија, 2300 Кочани
Ул. Павлина Вељанова Бр. 88
Мобилен: +389 71 246 337
Телефон: +389 33 277 153
Факс: 389 33 277 151